Напнатоста во Ријад попушти: Сериозен дијалог, но и многу шеги!

од Aneta Risteska
69 прегледи

Директорот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, кој беше еден од учесниците на денешните преговори во Ријад меѓу делегациите на САД и Русија за ситуацијата во Украина, средбата ја оцени како многу конструктивен дијалог.

„Ни претстои многу, многу долг и сериозен пат, но ова е многу позитивен почеток на конструктивни дискусии: многу заеднички точки, многу разбирање дека има позитивни економски проекти кои можат да не поврзат. Сè е многу позитивно“, рече Дмитриев.

Како што рече, на средбата имало многу позитивна човечка комуникација.

„Многу повеќе се разбиравме“, нагласи тој, додавајќи дека учесниците во преговорите и биле многу благодарни на Саудиска Арабија што го обезбедила местото за средбата, пренесува РТ.

Според него, на преговарачката маса имало многу шеги, а Американците изразиле желба да дојдат во Русија.

На прашањето како ја оценува позицијата на Америка, Дмитриев нагласи дека добил впечаток дека „ја сфаќаат многу сериозно, со голема почит“.

Тој привлече внимание на тоа како оваа средба означи многу важен почеток за рамноправен дијалог, заснован на меѓусебно разбирање.

„Да, се разбира, има многу несогласувања, да, се разбира, имаше многу обиди од тимот на Бајден да ја уништи комуникацијата, во принцип, имаше многу неточни информации. Но, еве начин да го поправиме ова, треба да комуницираме, да најдеме заеднички јазик, вклучително и голем број прашања каде што навистина можеме да ги развиваме проектите на Арктикот заедно и така натаму.

„Значи, тоа е многу позитивен, промислен дијалог, но исто така е јасно дека има многу несогласувања, така што мораме да бидеме реални за фактот дека ни претстои долг пат за да ги исправиме грешките што ги направи администрацијата на Бајден“, рече тој.
Тој исто така рече дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков ќе дадат многу поширока слика за можниот контекст на „рестартирање“ на односите меѓу САД и Русија.

Воедно додава дека расположението било добро, деловно и со голема почит.

Руската страна денеска ја претставуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков и шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев, додека во американската делегација беа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп Мајк Волц и специјалниот пратеник на американскиот лидер за Блискиот Исток Стивен Виткоф.

Средбата траеше околу четири и пол часа.

Слични содржини