Првите луѓе на НАТО и на Европската унија денеска во Варшава потпишаа Договор за одбранбена соработка, јави ДПА.

Договорот, кој двете страни го оценија како „историски“, беше потпишан пред официјалниот почеток на Самитот на НАТО во полскиот главен град, од страна на генерачниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод-Јункер.

514651158

По поптишувањето на договорот, Столтенбер изјави дека тој ја одразува новата содржина и сила на партнерството меѓу ЕУ и НАТО во борбата против „хибридната војна, кибер нападите и справувањето со огромниот бран на илегални мигранти“.

Туск од своја страна оцени дека овој нов договр ќе ја промени сегашната ситуација во која НАТО се третира како воен сојуз, а ЕУ како политички и економски блок, кои „се наоѓат на различни планети, а не во еден ист град“,

Извори од седиштата на двете организации во Брисел оценија дека денеска потпишаниот договор треба да им помогне на НАТО и ЕУ за полсено справување со новите предизвици во глобални рамки./МИА

Слични содржини