Таа ќе биде предводена од помошникот генерален секретар за разузнавање и безбедност.

20160419.elkzadzkel

На средбата во Варшава е договорено НАТО да формира нова служба за разузнавање и безбедност, која ќе биде предводена од помошникот генерален секретар за разузнавање и безбедност, соопшти Ројтерс.

Ова се наведува во завршната декларација од самитот.
Земјите од НАТО одобрија учеството на пактот во борбата против терористите од “Исламска држава”. Алијансата планира да обезбеди на меѓународната коалиција предводена од САД, разузнавачки авиони опремени со системот АВАКС, соопштува Би-Би-Си.

Одлуката беше донесена во рамките на вториот ден од самитот на Организацијата на Северноатлантскиот пакт. Генералниот секретар Јенс Столтенберг појасни дека авионите ќе вршат разузнавачки летови над територијата на Турција и Медитеранот со цел собирање информации за Сирија и Ирак.

Врз основа на собраните податоци ќе нанесуваат воздушни напади на позиции на терористите. Почетокот на новата мисија се планира за оваа есен, се вели во официјалното соопштение по крајот на средбата во Варшава.

Пактот ќе се заземе и со обука на ирачки војници на територијата на нивната татковина, за да им помогне на Багдад поефикасно да се бори против “Исламска држава”.

НАТО најверојатно нема да покани повеќе земји за членки, претпоставува Латвискиот министер за надворешни работи, Едвард Ринкевич. “Црна Гора е последната држава, за која во НАТО беше договорено. Ако зборуваме реално, во наредните години најверојатно нема да има нови покани за влез во Алијансата … нема да биде поканета ниту една земја “, истакна Ринкевич.

Во меѓувреме НАТО потврди поканата кон Македонија за членство, откако се најде решение за спорот со Грција за името, но и изразува загриженост од политичката ситуација во земјата, која се отстапува од вредностите на НАТО. Македонските политички лидери се повикани да ги исполнат своите обврски.

Слични содржини