НАТО без САД тестира нов модел за распоредување војници низ Источна Европа

од Aneta Risteska
24 прегледи

НАТО ја тестира својата способност за брзо распоредување низ Источна Европа – без директна помош од САД – додека Вашингтон го менува својот пристап кон европската одбрана и војната во Украина, пишува АП.

Шестнеделната вежба се одржува во Бугарија, Романија и Грција. Во вежбата учествуваат околу 10.000 војници од девет земји, што претставува најголема планирана операција на НАТО оваа година.
Отсуството на американски сили доаѓа во време кога европските земји се обидуваат да ја зголемат својата воена самодоволност поради загриженоста за посветеноста на администрацијата на Трамп за колективна одбрана и нејзините барања за зголемување на европскиот воен буџет, наведува АП.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја објави својата намера директно да преговара со Русија. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, на својата прва средба со колегите од НАТО во Брисел, ги повика европските земји драстично да ги зголемат своите воени трошоци и да преземат „несразмерен дел“ од финансирањето за помош на Украина.

Грчките и шпанските маринци денеска водеа воена демонстрација на амфибиски напад во близина на централниот грчки град Волос, што ја означи првата оперативна употреба на новите Сојузнички сили за реакција (АРФ) на НАТО.

Photo/Freepik

Слични содржини