Владата на Египет одржува советување во врска со инцидентот со рускиот авион. Веќе е формирана специјална комисија, пренесува ТАСС. Од канцеларијата на премиерот официјално го потврдиле уривањето на Airbus-321 на “Kogalymavia” со 217 патници и 7 членови на екипажот, кој рано наутро полетал од Шарм ел Шеик.
Египетските безбедносни сили го обезбедуваат местото на падот на авионот.Непосредно пред да исчезне од радарите рускиот авион побарал вонредна слетување во најблискиот аеродром. Според извори од меѓународниот аеродром на Каиро, летал на височина повеќе од 9000 метри кога капетанот се поврзал со диспечерите и побарал да му дозволат да го слета авионот, бидејќи радиостаницата му се расипала. Потоа комуникацијата запрела.Официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова најави дека соработници на амбасадата на РФ во Египет ја разјаснуваат ситуацијата во врска со исчезнувањето на авионот. На аеродромот Пулково во Москва веќе е формиран штаб за укажување помош на роднините на патниците кои биле на летот.