Нова ескалација, Русите тврдат дека убиле пет украински саботери

од Milan1
245 прегледи

Руски воени претставници тврдат дека пет лица кои се обиделе да се пробијат од Украина преку руската граница се убиени, пренесува Ројтерс.

Официјални лица велат дека руските војници и граничари спречиле „украински саботери“ да ја пробијат границата. Украински вооружени возила се уништени во руската област Ростов.

Според новинската агенција Интерфакс, конфликтот се случил околу 06:00 часот по московско време во Ростовската област во близина на границата меѓу Русија и Украина.

Граничарите на руската тајна служба ФСБ ја откриле наводната „диверзантска група“ на украинската армија и побарале помош од припадниците на Јужниот воен округ.

Единица на руската армија уништила две возила на украинската армија, за кои се тврди дека ја преминале границата, со оган од противтенковско оружје, се вели во официјалното соопштение испратено до Интерфакс.