Советот за безбедност на ОН денеска упати критика до Турција поради гранатирања на северот од Сирија кое поттикна сериозна ескалација на конфликтот во таа земја, каде скоро пет години се одвива граѓанска војна.

on-sovet-za-bezbednost-2

Амбасадорот на Венецуела, Рафаел Рамирез, на новинарите им соопшти дека после состанокот кој се одржа зад затворени врати и беше одржан на барање на Русија, бидејќи 15-та членка на Советот за безбедност изразила загриженост поради нападот на Турција на северот од Сирија.

Сите членови на Советот за безбедност се согласиле да биде побарано од Турција да се води по меѓународното право, вели Рамирез. Заменик- амбасадорот  на Русија, Владимир Сафронков вели дека од сојузниците на  Турција во Советот за безбедност барале да се испрати моќен сигнал со иста сила.

 – Прекинете го вашето непримерно однесување во Сирија, побара сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари.

Според него, Турција пробува да ги вовлече сите во оваа ноќна бура, во оваа ескалација и најави дека прогласувањето на огнот ќе трае многу подолго од една недела.

Турција го почна грантирањето во Сирија во саботата, а на мета се курдските сили за кои се вели дека се поврзани со забранетата работничка партија Курдистан, наведува АФП.

.

Слични содржини