Од почетокот на годината, Амазонија ги претрпе најтешките пожари во последните две децении

од Milan1
21 прегледи

Од јануари до јуни 2024 година, во Амазонија е регистриран најголем број пожари за првата половина од годината во изминатите две децении, дури 13.489, покажуваат податоците.

Меѓутоа, ако одиме малку подлабоко во минатото, оваа бројка – инаку 61% повисока од 2023 година, но сепак не е рекордна

Имено, во првите шест месеци од 2003 и 2004 година, најголемата прашума во светот претрпе повеќе од 17.000 пожари. Според евиденцијата на Националниот институт за вселенски истражувања во Бразил (ИНПЕ), која постои од 1998 година.

Но, тоа не ја прави моменталната состојба на работите помалку загрижувачка.

Експертите сметаат дека за тоа придонесе историската суша, предизвикана од антропогените климатски промени поддржана и од природниот феномен Ел Нињо, кој минатата година ја погоди Амазонија.

Сепак, треба да имаме предвид дека пожарите на тој простор најчесто не се јавуваат спонтано, на пример со удар на гром. Како што е објаснето од Американската вселенска агенција (НАСА), едноставно е премногу влажно во прашумите, па пожарите ретко започнуваат сами по себе.

И покрај ова, на стотици илјади сателитски снимки секоја година можеме да ја видиме Амазонија во облаци од чад.

Одговорноста, пред сè, почива на луѓето кои палат пожари за расчистување на површини за земјоделско производство или сточарство.

Според увидот на непрофитната, невладина организација Рајнфорест Фондација, тие палат претходно исечени дрвја кога се доволно суви за да изгорат. Нормално, вегетацијата на рабовите на новите полиња и шуми е доволно влажна за да го запре огнениот елемент.

Но, продолжената суша во сливот на Амазон предизвикува шумските пожари да избегаат во соседните, недопрени шуми, и како резултат на тоа, илјадници хектари може да изгорат. Со други зборови, исушеното зеленило, жедно за вода, е гориво за побрзо ширење и развој на огненената стихија, без разлика како настанала.

Тоа беше многу веројатно случај од јануари до јуни оваа година.

Сезоната на пожари во амазонската прашума во Бразил го достигнува својот врв во август или септември.

Податоците се тешки вести за владата на претседателот Луис Инасио Лула да Силва, кој вети дека ќе го запре нелегалното уништување на шумите во амазонската прашума до крајот на деценијата.

Иако стапката на сеча е намалена, што придонесува за складирање на гасови кои ја загреваат планетата, од друга страна има пожари чиј број се зголемува, а кои негативно влијаат на квалитетот на воздухот и екосистемите, како и на здравјето на луѓето.

Севкупно, загубата на Амазонија е за 42% помала од минатата година, што го истакнува напредокот на Лула во нејзината заштита.

Во иднина, огнениете стихии би можеле, условно кажано, да ги проголтаат постигнатите успеси. Авторите на неодамна објавената студија предупредија дека зголемените пожари ја загрозуваат заштитата на шумите, но исто така создаваат нова закана за Лула: јавната перцепција за неговата посветеност на зачувување на природата може да ослабне.

Слични содржини