Неодамнешно истражување покажа дека речиси 90 отсто од Германците веруваат дека странските актери, пред се од Русија и САД, се обидуваат да влијаат на претстојните национални избори преку социјалните мрежи.
Минатиот месец индустриското здружение Битком спроведе репрезентативна анкета на повеќе од 1.000 гласачи со право на глас, која покажа дека 45 отсто од испитаниците сметаат дека Русија ги предводи обидите за манипулација, а потоа следат САД (42 отсто од испитаниците), Кина (26 отсто) и Источна Европа (8 отсто), пренесува Ројтерс.
За околу две третини (69 проценти) од гласачите со право на глас, интернетот е важен извор на информации за изборите закажани за 23 февруари.
Телевизијата, според 76 отсто од испитаниците, сè уште игра важна улога во обезбедувањето информации, особено за луѓето над 75 години, а нешто помалку за пријателите и семејството, покажа истражувањето, пренесува Танјуг.
Photo: Pixabay