126
Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска оцени дека НАТО не треба Русија да ја се смета за своја закана, туку за партнер.
– НАТО нема никаква улога во односите меѓу Европа и Русија. За Франција, Русија не претставува ниту противник, ниту закана, изјави Оланд во Варшава, каде учествува на Самитот на НАТО.
Според Оланд, Русија претставува партнер, кој „понекогаш може да употреби сила – како при анексијата на Крим“. – Но, ние тоа го осудивме, истакна Оланд./извор а1он