ОН: Има Украинци кои се приведени и исчезнуваат во областите под контрола на Русија

од Milan1
173 прегледи

Има Украинци кои се приведени и исчезнуваат во областите под контрола на Русија, изјавија од Обединетите нации за Би-Би-Си.

ОН потврдија за најмалку 36 случаи на притворени цивили, а семејствата често немаат никакви информации за судбината на заробените.

Украинците велат дека стравуваат од ескалација на кампањата за киднапирање и заплашување, додека Русија се бори да воспостави контрола над градовите што ги окупира.