Учителка од Јужна Кореја избоде осумгодишно девојче во основно училиште. Полицијата соопшти дека 40-годишната наставничка признала дека избодела ученичка во централниот град Даеџон, јави Би-би-си.
Девојчето вчера околу шест часот попладне било пронајдено со убодни рани во училиште, а починало во болница. До неа била наставничката, со рани за кои се претпоставува дека се самонанесени.
Исто така, беше објавено дека неколку дена пред убиството, наставничката покажувала насилно однесување, кога нападнала колега.