Папата Франциско хоспитализиран! Ги откажа настаните за следните денови

од Aneta Risteska
28 прегледи

Папата Франциско ги откажа закажаните настани за следните три дена откако денеска беше хоспитализиран, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој боледува од бронхитис, требаше да одржи аудиенција во сабота и да слави миса во недела, објави Ројтерс.

Во понеделник тој требаше да ги посети римските филмски студија Cinecitta. Како што соопшти претходно денеска Ватикан, папата Франциско (88) утрово е хоспитализиран поради бронхитис.

„Денеска, по завршувањето на аудиенцијата, папата Франциско беше примен во болницата за да ги направи потребните тестови и да продолжи со лекувањето на бронхитис во болнички услови“, се вели во соопштението.

Папата Франциско во последните години имаше проблеми со грипот и други здравствени проблеми. На почетокот на овој месец, за време на аудиенција, тој им кажа на верниците дека боледува од „лоша настинка“, која подоцна Ватикан ја опиша како бронхитис, пренесува Танјуг.