114
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ смета на објаснување во врска со изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за можноста за испраќање американски војници во Украина.
„Што се однесува до интервјуата во американскиот печат, тоа се нови елементи на ставот, бидејќи такви формулации досега не сме слушнале, ниту пак се изнесуваат. Затоа очекуваме да добиеме дополнителни појаснувања“, рече Песков, пренесе Интерфакс.
Венс во интервју за Волстрит журнал рече дека САД би можеле да испратат американски војници во Украина доколку Русија одбие да придонесе за решавање на конфликтот.