Починаа три лица заразени со легионела во загрепската болница

од Milan1
317 прегледи

Три лица во загрепската болница „Ребро“ починаа денеска по заразата со легионела, неофицијално е потврдено за хрватски „Индекс“.

Вкупно шест лица се заразиле со легионерска болест, и тоа во болница. Сите преостанати инфицирани имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани.

КБЦ – Загреб претходно потврди дека легионела се појавила во болница.

„Веднаш го алармиравме Хрватскиот институт за јавно здравје, кој ги направи сите анализи и бактеријата е изолирана во водоводниот систем, во моментот во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави Миливој Новак, помошник-директор во болницата.

Слични содржини