Полицијата со полни раце работа: Исчезнаа две деца од Скопје

од VIktor_P
647 прегледи

Во текот на вчерашниот ден исчезнаа две малолетни деца од иста локација.

Вчера во 22.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј.(45) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината штитеничка А.М.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана.

Еден час порано во 21.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот штитеник Н.С.(13), кој имал здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Слични содржини