Поплави и лизгање на земјиштето во текот на ноќта го погодија централниот италијански регион Тоскана, а најмногу беа погодени крајбрежниот регион Марема и островот Елба, кои беа најтешко погодени од силно невреме.
Пожарникарите спасија неколку лица кои од утрово беа заробени во градот Орбетел, јави АНСА.
Поради големите поплави, многу патишта останаа блокирани во јужна Марема, јавува Танјуг.
Поплавени се стотици хектари обработлива површина, особено во областите Албини, Орбетело и Капалбија.
Поплавени се и неколку куќи и магацини во околината.