Поплави во Австралија (ВИДЕО)

од Milan1

Десетици илјади Австралијци ги напуштија своите домови, а властите денеска евакуираа една болница бидејќи уште пообилни врнежи го погодија источниот брег.

Тринаесет лица загинаа, а последните четири смртни случаи се забележани во градот Лизмор во Нов Јужен Велс, кој беше најтешко погоден од страшните поплави, кои однесоа многу домови и прекинаа далноводи, пренесува „Ројтерс“.

Невремето се очекува да го погоди Сиднеј во текот на денешниот ден, каде што живеат повеќе од пет милиони луѓе, а издадени се предупредувања за можно големо излевање река на запад од градот.

Слични содржини