Поради Украина, Русија на 6 мај ќе свика состанок на Советот за безбедност

од Маја Анчевска
179 прегледи

Русија на 6 мај ќе свика неформален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на теренот во Украина, најави Сергеј Леонидченко, виш советник на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации.

„Доколку сакате да ја дознаете вистината за реалната ситуација на теренот, добредојдени сте на нашата средба според „Ариа-формулата“ на 6 мај“, рече Леонидиченко, пренесува ТАСС.