Поранешниот американски сенатор и албански лобист Боб Менендез беше осуден на 11 години затвор под обвинение за поткуп, вклучувајќи и златни прачки.
Тој го претставуваше Њу Џерси во Сенатот повеќе од 18 години, беше прогласен за виновен по сите 16 точки од обвинението за кривично дело во јули минатата година. Вклучително и за дејствување како странски агент.
Менендез (71), кој поднесе оставка од Сенатот откако беше обвинет, претходно се изјасни за невин и најави дека ќе поднесе жалба. Тој неуспешно се обиде да го одложи изрекувањето на казната се додека неговата сопруга Надин Менендез не беше судена за слични обвиненија. И нејзиното судење треба да започне во март. Таа исто така се изјаснила за невин.
Менендез е познат како албански лобист, кој побара од администрацијата на Вашингтон да изврши притисок врз Србија да ја признае независноста на Косово.