Поранешниот државен секретар на Велика Британија: Да се распоредат НАТО сили во Брчко

од Milan1
265 прегледи

Поранешниот државен секретар на Велика Британија и поранешен лидер на Конзервативната партија, Вилијам Хејг, во авторски текст за „Тајмс“ се осврна на ситуацијата во Босна и Херцеговина и нагласи дека тензиите може да ја втурнат цела Европа во криза.

На почетокот од текстот Хејг се осврнува на моменталните односи на европските земји со Русија и нагласува дека Германија е една од земјите кои потклекнале пред руското влијание.

Занемарување на Западен Балкан

Хејг пишува дека Балканот е регион во кој не смее да дојде до нарушување на стабилноста.

„Историјата многупати покажа дека ги занемаруваме опасностите на Западен Балкан. Тоа беше жариште во 1914 година и тврдина на најкрвавите војни во Европа во текот на деведесеттите години. Овде Русија се обиде да ги одврати милионите луѓе да живеат во стабилни и западно ориентирани држави. Обидот за државен удар во Црна Гора, интервенциите за референдумот во Северна Македонија и цврстиот притисок на политичкиот и деловниот живот во Србија. За да се заокружи хаосот, ЕУ ја затвори својата врата за понатамошно проширување, а Велика Британија го изгуби влијанието низ Брегзит“, наведува во текстот.

Хејг наведува дека Западот, во кој спаѓа и Велика Британија, го нема луксузот да ги игнорира случувањата на Балканот.

„Милорад Додик со години ја поткопува државата БиХ со активна поддршка од Русија и од Србија. За Москва ова служи за блокирање на евроатланските интеграции. Босна би била како Украина, Грузија и Молдавија, земја која нема можност да се придружи на НАТО или кога и да е да функционита како нормална земја. Последните седмици ситуацијата е многу сериозна. Изјави дека ќе ја подигне војската на босанските Срби, токму онаа војска која е одговорна за геноцидот во Сребреница. Тој настојува да ја искористи слабоста на Западот за да ја забрза кризата за повторно исцртување на мапата, со територија која би се приклучила на Србија“, наведува поранешниот дипломат.

Време за делување

Истакнува дека вакците закани претставуваат директен предизвик за Дејтонскиот договор.

„Кога некој повторно може да ги поместува границите на државите по етничка основа, постојат многу повеќе малцинства чија локација моќе да се искористи како оправдување за поместување на некои други граници. Никој не треба да се сомнева сека сето ова претставува закана за сигурноста и стабилноста на европското соседство. Додека го пишувам ова, министрите за надворешни работи на ЕУ барем разговараат за ситуацијата (текстот е пишуванм пред состаноткот во Брисел). Минатата седмица Кристијан Шмит предупреди дека БиХ се соочува со најголемата егзистенцијална криза и дека судирите се реална можност. Неговиот претходник Пади Ешдаун одработи брилијантна работа пред 20 години и покажа дека отстапувањето од Дејтон нема да се толерира. Тој имаше цврста поддршка од западните земји. Во годините потоа ЕУ се определи за дијалог, што значи смирување и слабост“, пишува Хејг.

На крајот од текстот некогашниот лидер на Конзервативната партија се осврна и на најавите на британската шефица на дипломатијата Лиз Трус, дека ќе ја фокусира својата работа на Западен Балкан.

„Министерството за надворешни работи соопшти дека Лиз Трус ќе покрене нови прашања кога министерите за надворешни работи на НАТО сојузот ќе се состанат во Рига следните месеци. Но, потребни се некои итни одлуки и акции. Британија и ЕУ би требало да се придружат на САД во воведувањето санкции на сите кои го поткопуваат Дејтон. Западот би требало да ја потврди поддршката на високиот претставник, поддржувајќи ги неговите законски овластувања директно да интервенира за да го заштити интегритетот на земјата“, истакнува Хејг.

„Малите европски воени сили, понати како ЕУФОР, треба да бидат зајакнати со НАТО трупи распоредени на стратешки важни подрачја, како што се Брчко и аеродромот во Тузла. Тоа звучи драматично, но само сила и одлучност ќе нѐ оддалечи од големи неволји. Колапсот во Авганистан покажува што се случува кога Западот ќе изгуби внимание. Не може да се дозволи истото да се случи на европскиот континент. Западот мора да погледне во студените очи на Владимир Путин и да се соочи со неговите тактики. Балканот е клучно место за почеток на тоа“, заклучува Хејг.

Слични содржини