Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1.февруари e пронајдено во понеделник попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот „Informacion“.
Шпанската полиција го пронашла неговото тело во пристаништето Аликанте, со што се остварени најлошите стравови на семејството и пријателите.
По неколкудневна неизвесност, властите го открија телото на Јелкиќ во водата, а нуркачите од Цивилната гарда го извлекоа на брегот. Официјално е потврдено дека телото е пронајдено на крајот од едно од пристаништето. Во присуство на истражители, процесот на извлекување на телото беше завршен вчера нешто пред 18:30 часот по локално време.
Иако резултатите од обдукцијата се уште се чекаат, според полициски извори, прелиминарната истрага сугерира дека смртта е последица на несреќен случај и дека нема вмешаност на трето лице.