Повеќе од 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

од Aneta Risteska
23 прегледи

Американски борци умираат во Украина во се поголем број, а повеќе од 20 Американци се водат за исчезнати на украинската линија на фронтот, покажа истражувањето спроведено од Си-Ен-Ен.

Според овие податоци, телата на најмалку пет американски доброволци, кои се бореле на страната на Украина, не можеле да бидат извлечени од бојното поле откако биле убиени во изминатите шест месеци.

Двајца од нив беа вратени во петокот од територијата окупирана од Русија на територијата контролирана од украинските војници, пренесува Танјуг.

Photo: Freepik

Слични содржини