Пожар избувна во нафтена рафинерија во регионот Волгоград во Русија по напад со дрон

од Aneta Risteska
12 прегледи

Пожар избувна во нафтена рафинерија во регионот Волгоград во Русија откако паднаа остатоците од украинските беспилотни летала соборени од руската воздушна одбрана, кои во меѓувреме се изгаснати, соопшти шефот на регионот Андреј Бочаров.

Според него, во пожарот е повреден еден работник во рафинеријата кој е хоспитализиран.

Бочаров изјави дека руската воздушна одбрана синоќа уништила осум украински беспилотни летала во регионот на Волгоград, пренесе РИА Новости.

Руските системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 49 украински беспилотни летала во седум региони на Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.

Се прецизира дека 25 украински беспилотни летала се уништени над територијата на Ростовската област, осум над територијата на Волгоградската област, а шест над територијата на областа Курск, пренесува Танјуг.

Исто така, се наведува дека четири беспилотни летала биле пресретнати над територијата на регионот Јарослав и по два на територијата на регионите Белгород и Воронеж и Краснодарската територија, пренесе Тас.

 

Photo: Freepik

Слични содржини