33
Доцна синоќа избувнал пожар во најстариот луксузен хотел во Швајцарија во центарот на Женева, а гостите се евакуирани, јавуваат локалните медиуми.
Пожарот го зафатил Хотел де Берг, хотел со пет ѕвезди отворен во 1834 година и кој се смета за знаменитост во Женева. Нема извештаи за повредени, изјави директорот на хотелот Педро Нора, додавајќи дека гостите се евакуирани во околните хотели.
Пожарникарите користеле кранови за да стигнат до пожарот на покривот.
Не се познати причините за пожарот кој брзо бил локализиран. Во хотелот редовно се одржуваат големи настани, како што се аукциите на накит Кристи.