Премиерот на Република Српска повреден во сообраќајна несреќа

од Milan1
18 прегледи

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и уште две лица се повредени денеска во сообраќајна несреќа на главниот пат кај местото Тишча во близина на Шековиќ, пренесува Нова.рс.

-Никој од нив не е во животна опасност, потврдиле од полициската управа.

Повредените се упатени во надлежните здравствени установи.

Во сообраќајната незгода учествувале две патнички возила, од кои едното возило на заштитено лице.

-Сообраќајот на споменатата патна делница поради увид во моментов е во прекин, пренесе медиумот.

Слични содржини