Протест пред американската амбасада во Киев

од Aneta Risteska
43 прегледи

Демонстранти се собраа денеска пред амбасадата на САД во главниот град на Украина, Киев, објави украинскиот портал Страна.уа.

Според порталот, неколку десетици луѓе се собрале пред амбасадата на САД со украински и американски знамиња.

„Очигледно, вака реагираат на последните изјави на Трамп со кои се критикува Зеленски и американските преговори со Русија“, се вели во објавата на порталот на социјалната мрежа Телеграм, пренесе Танјуг.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски диктатор, а претставниците од Киев не беа поканети на американско-руските разговори во Ријад за постигнување мир во Украина.

Слични содржини