34
Првите француски ловци „Мираж 2000“ пристигнаа во Украина заедно со украинските пилоти, кои поминаа неколку месечна обука во Франција, соопшти францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорну на социјалната мрежа Икс.
Минатата година, францускиот претседател Емануел Макрон најави дека неговата земја ќе ѝ испрати на Украина борбени авиони „Мираж 2000“ и дека Украинците ќе бидат обучувани во Франција за нивно управување.
Во пресрет на средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во јуни минатата година, Макрон исто така изјави дека Украинците ќе посетуваат обука во Франција за управување со овие авиони, во траење од пет до шест месеци, почнувајќи од летото, пренесува Танјуг.
Photo: PrtSc