Путин до Шолц: Европа може да продолжи да плаќа во евра за рускиот гас

од Milan1
243 прегледи

Европските земји може да продолжат да плаќаат во евра за рускиот гас наместо во рубљи, како што претходно соопшти Кремљ. Ова му го изјавил рускиот претседател Владимир Путин на германскиот канцелар Олаф Шолц за време на телефонски разговор.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт рече дека Путин му рекол на Шолц дека плаќањата од Европа „ќе продолжат да бидат во евра следниот месец и ќе се префрлаат како и обично. Банката потоа ќе ги претвора плаќањата во рубљи“, рекол Путин, цитиран од Хебестрајт.

„Одлуката не треба да доведе до влошување на договорните услови за европските компании кои увезуваат руски гас“, се вели во соопштението на Кремљ.

Инсистирањето на Москва на плаќања во рубљи за рускиот гас, кој доаѓа во Европа и задоволува голем дел од нејзините годишни енергетски потреби, донесе, благо речено, паника. Грција свика итен состанок на добавувачите, холандската влада соопшти дека ќе ги повика потрошувачите да користат помалку гас, а францускиот енергетски регулатор им порача на потрошувачите да не паничат.

Барањето за рубљи, која беше одбиена од земјите од Г-7, се должи на санкциите на Западот против Русија. Москва, која вели дека таму спроведува „специјална воена операција“, западните мерки ги нарекува „економска војна“.

Претставник на руската влада изјави дека Русија би можела да бара плаќања во рубљи за други витални стоки, вклучително нафта, жито, ѓубрива, јаглен и метали, што би го зголемило ризикот од рецесија во Европа и во САД.

Се очекува Москва денеска јавно да ги објави своите планови за плаќања во рубљи, иако рече дека нема веднаш да бара од купувачите да плаќаат за извоз на гас во валутата.

Западните земји рекоа дека плаќањето во рубљи ќе ги прекрши договорите, а евентуалното повторно преговарање може да трае со месеци.

Европската унија подготвува повеќе санкции против Кремљ, чиј опсег зависи од позицијата на Москва за плаќањата за гас во рубљи, изјавија извори од ЕУ за Ројтерс.

Слични содржини