Американскиот државен секретар, Марко Рубио, денеска изјави дека американскиот национален интерес ќе биде главната цел на американската надворешна политика за време на неговиот мандат и дека приоритет ќе биде да се запре масовната имиграција и да се обезбеди границата.
Рубио нагласи дека Стејт департментот ќе ја донесува секоја одлука со цел да ги направи САД побезбедни, посилни и попросперитетни.
Тој нагласува дека Стејт департментот нема да презема активности кои ја олеснуваат или поттикнуваат масовната миграција, како и дека ќе се залага за враќање на илегалните мигранти во нивните матични земји.
Рубио рече дека наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп, која предвидува затворање на Агенција за зајакнување на различностите, правичност и вклучување (ДЕИ) и сите нејзини канцеларии низ САД, ќе биде целосно спроведена, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
„Мораме да престанеме со цензурата на информациите“, рече Рубио, нагласувајќи дека во наредниот период ќе ги поддржува и брани правата на Американците на слобода на говор со откажување на сите програми кои на кој било начин водат кон цензура.
Тој посочи дека Стејт департментот ќе ја искористи дипломатијата за да му помогне на Трамп да го исполни ветувањето за враќање на енергетската доминација на САД.