Русија: Нуклеарната централа ја запалија Украинци

од Milan1
331 прегледи

Русија ја окупираше нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, но во борбите меѓу руските и украинските сили кои траеја во текот на ноќта, административната зграда околу електраната се запали.

Украинските власти за тоа ја обвинија руската армија, велејќи дека ја гранатирале електраната, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва за „нуклеарен терор“.

Русите сега тврдат дека зградата во нуклеарната централа всушност била запалена од Украинци. Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за пожарот околу електраната и го нарече „монструозна провокација“.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека нуклеарната централа работи нормално и дека областа е под руска контрола од 28 февруари, пренесе Ројтерс.

„Меѓутоа, синоќа националистичкиот режим во Киев се обиде да изврши монструозна провокација на територијата до електраната“, изјави портпаролот Игор Конашенков.