„Рускиот истражен комитет започна кривична истрага за создавањето тајни биолошки лаборатории во Украина, со поддршка на Соединетите држави“, изјави претседателот на Комитетот Александар Бастрикин во интервју за „ТАС С“.
„Ја побаравме достапната документација од Министерството за одбрана на Русија и ги утврдуваме околностите за тоа што се случи, во рамките на кривичната постапка што ја поведовме според членот за развој и производство на биолошко оружје за масовни жртви“, рече Бастрикин. .
Тој изјави и дека Западот во моментов преку медиумите го негира нивното постоење.