309
Руската армија денеска објави дека за првпат употребила суперсонични ракети во Украина, среде глобалната трка за набавка на вакво оружје, кое рускиот претседател Владимир Путин го нарекува непобедливо.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека на 18 март авионскиот систем „Кинжал“ со своите суперсонични балистички проектили уништил голем подземен склад со ракети и муниција на украинските воздухопловни сили кај местото Дељатин, во областа на Ивано-Франковск, во западна Украина.
Руското Министерство за одбрана објави видео, на кое прикажано, како што се вели, уништувањето на украинскиот подземен бункер.