Русија тестираше нови интерконтинентални ракети со нуклеарни боеви глави

од Destan Jonuzi
193 прегледи

Русија во петокот изврши тестирање на нова интерконтинентална балистичка ракета способна да носи повеќе нуклеарни боеви глави. Генерал-полковник Сергеј Каракаев изјави дека тестирањето на ракетата „Сармат“ било успешно, но не наведе детали, јави дописничката на британски Телеграф од Русија, Наталија Василиева.

Русија последен пат го тестираше „Сармат“ во април, а Путин го следеше лансирањето во северна Русија преку видео-врска и рече дека новата интерконтинентална балистичка ракета ќе ги натера руските непријатели „двапати да размислат“.

Ракетите „Сармат“ можат да бидат опремени со најмалку 10 боеви глави одеднаш, за што Русија тврди дека и овозможува да ја надмине секоја противвоздушна одбрана.

Генерал-полковник Каракаев во петокот изјави и дека руските ракетни сили наскоро ќе бидат снабдени со втората серија хиперсонични ракети „Авангард“. Во моментов има само една воена единица опремена со ракети Авангард, кои можат да носат нуклеарни боеви глави 20 пати поголема од брзината на звукот. Ниту еден од овие проектили досега не е користен на бојното поле во Украина.