6
Бројот на поплаки за мигранти што ги примил рускиот Истражен комитет се зголемил за седум пати во текот на изминатата година, изјави денеска претседателот на Комитетот, Александар Бастрикин.
Според него, врз основа на резултатите од минатата година, до Истражниот комитет биле поднесени 701 жалба за мигранти, наспроти 95 претставки во претходната година, пренесе РИА Новости.
Бастрикин рече дека поднесените жалби се „внимателно проверени и потоа се преземени потребните мерки“.
Шефот на Истражниот комитет повика миграциските процеси во Русија да бидат ставени под строга државна контрола, пренесува Танјуг.