САД нудат награда од 5 милиони долари за информација за криптокралицата Ружа Игњатова

од Milan1
89 прегледи

Стејт департментот објави понуда за награда во рамките на Програмата за награди за транснационален организиран криминал до 5 милиони американски долари за информации што ќе доведат до апсење и/или осуда на германската државјанка Ружа Игњатова, барана во Соединетите држави за нејзиното учество во една од најголемите глобални шеми за измама во историјата.

„Почнувајќи од приближно 2014 година во Бугарија, Игњатова, како коосновач на OneCoin Ltd, и други измамиле инвеститори од целиот свет за милијарди долари. Игњатова го промовираше OneCoin како инвестиција во дигитална валута преку лажни изјави и претстави за привлекување инвеститори. До 2017 година, се верува дека OneCoin измамил жртви за повеќе од 4 милијарди долари“, соопшти американскиот Стејт департмент.

Наградата од 5 милиони долари за информации за криптокралицата Ружа Игњатова ја најави американскиот амбасадор во Софија на средбата по повод истрагата која заедно ја спроведоа бугарското обвинителството и Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД за разоткривање на шемата за трошење финансиски средства со учество на Ружа Игњатова.

Слични содржини