Санкциите на Трамп се нелегални – реагираше Меѓународниот кривичен суд

од Aneta Risteska
9 прегледи

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против судот, објави Ројтерс.

„МКС ја осудува американската наредба со која се обидуваат да воведат санкции врз нејзините службеници и да ја поткопаат нивната независна и непристрасна судска работа. Судот цврсто стои со својот персонал и е посветен да продолжи да обезбедува правда и надеж за милиони невини жртви на злосторства ширум светот, во сите ситуации пред него“, се вели во соопштението на МКС.

Се додава дека МКС ги повикува своите 125 земји-членки, граѓанското општество и сите народи во светот да се обединат за правда и основни човекови права.

Слични содржини