Во вторникот, околу 06.30 часот на автопатот Градско – Велес, патничко возило „Рено Еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело.

По незгодата, возачот избегал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца биле повредени.

Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а потоа префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Слични содржини