Патнички авион се запали вчера вечер веднаш по слетувањето на аеродромот во јужнокорејскиот град Бусан.
Сите 169 патници и седумте членови на екипажот успеале да се евакулираат на безбедно, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Три лица се здобиле со полесни повреди, се вели во извештајот.
Авионот бил управуван од јужнокорејската авиокомпанија Ер Бусан.
Се вели дека се запалила опашката на авионот, а на фотографиите се гледа како пламен висок неколку метри пука од покривот.
Авионот полета во Бусан од Хонг Конг. Првично не беше јасно дали пожарот избувнал пред или по слетувањето.
Новата несреќа се случи еден месец по најсмртоносната несреќа во историјата на јужнокорејската авијација, кога патнички авион од нискобуџетната компанија Jeju Air удри во бетонски ѕид по слетувањето на меѓународниот аеродром Муан.
Речиси сите патници го загубија животот во несреќата на крајот на декември. Според првичните истражувања, на двата мотори на авионот се видливи траги од птици.