МВР информира дека рано утринава во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна единица на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.
Исто така, биле зафатени две патнички возила – „шкода камик “, паркирано од М.Т.(48) од Скопје и „форд фокус“, сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран.
– Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.