Се запали двокатна деловна зграда во Москва. Eвакуирани 300 луѓе

од Aneta Risteska
13 прегледи

Двокатна административна зграда на површина од 2.000 квадратни метри гори во северозападна Москва, а од пожарот се спасени 60 лица, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни состојби.

Во соопштението се наведува и дека 300 луѓе биле евакуирани пред пристигнувањето на противпожарните и спасувачките единици, пренесува Интерфакс.

Во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од 130 пожарникари и 40 парчиња опрема, се додава во соопштението на руското министерство.

Повикана е противпожарна кола да помогне во гаснењето на пожарите во зградите лоцирани во областа Тушино, соопшти Московските железници, пренесува Танјуг.

Слични содржини