Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во своето прво јавно појавување после повеќе од еден месевц отсуство посети новоизграден град во близина на границата со Кина, известија денес државните медиуми.
Самџијон, новиот град на северот од земјата, се претвора во големо економско седиште а тамошните функционери го нарекуваат „социјалистичка утопија“. Во него се наоѓаат нови станови, хотели, ски-центар и комерцијални, културни и здравствени објекти.
Градот е сместен во близина на планината Паекту, која се смета за света планина бидејќи семејството на Ким тврди дека од таму потекнуваат нивните корени. Ким Џонг Ун повеќе пати ја има посетено споменатата планина.
„КЦНА“ пренесува дека севернокорејскиот лидер во својата последна посета на Самџијон проверувал како напредуваат работите во третата, воедно и последна фаза на градење.
Завршување на изградбата се очекува до крајот на оваа година, откако беа одложени поради меѓународните санкции и пандемијата со коронавирус.
„КЦНА“ не го открива точниот датум на посетата на Ким, но ова е прв објавен извештај за негова јавна активност после 35 дена, што е неговот најдолго отсуство уште од 2014 година. Последен пат е виден како држи говор на воени вежби.
Честите и долготрајни отсуства од јавноста на Ким често поттикнуваат шпекулации за неговата здравствена состојба. Јужнокорејската известувачка агенција минатиот месец објави дека севернокорејскиот лидер нема здравствени проблеми.„Ким Џонг Ун изјави дека Самџијон се претвора во пример за модерен, социјалистички и планинси град кој претставува добар пример за руралниот развој, благодарение на на непобедливата работничка истрајност и покрај неповолните климатски услови“, пренесе КЦНА.
Ким додава дека градењето на новиот град нуди икуство во градежништвото, дизајнот и користење на технологијата, што ќе поттикне економски развој за останатите региони во земјата.
Самџијон е еден од најголемите проекти на Пјонгјанг, во рамки на амвициите на Ким за развивање на самоодржлива економија, за земјата успешно да се носи со меѓународните санкции, наметнати поради нуклеарните програми на земјата.
Речиси две години по затворањето на границите поради Ковид-19, Северна Кореја неодамна го обнови товарниот железнички сообраќај со Кина, што упатува на тоа дека наскоро би можела повторно да ги отвори своите граници.