Што ако Русите им ги испратат моќни ракети Јахонт на Хутите?

од Milan1
97 прегледи

Западните новински агенции наведуваат дека Русија преговара со Хутите за испорака на противбродски крстосувачки ракети „П-800 Оникс“ (во извозната верзија „Јахонт“), како брз и конкретен одговор на можната испорака на проектил со долг дострел на Украина.

Воени експерти сметаат дека одлуката за испорака на руски ракети на Хутите е поврзана со ставот на западните земји кои разговараат за можноста да и дозволат на Украина да гаѓа цели со долг дострел длабоко во Руската Федерација.

„Јахонт“ се смета за една од најнапредните противбродски ракети во светот.

Тој е дизајниран да лета преку површината на морето со двојно поголема брзина од звукот, избегнувајќи откривање.

Ракетите со дострел од околу 300 километри, ќе им овозможат на Хутите попрецизно да ги таргетираат комерцијалните бродови во Црвеното Море и да ја зголемат заканата за американските и европските воени бродови кои ги штитат.

Официјален Кремљ летово предупреди дека „не може да остане без последици“ одлуката на западните земји да да доставуваат оружје Киев кое потоа ќсе се користи за напади на руска територија.

Путин тогаш праша зошто некој мисли дека има право да испорачува такво оружје што се користи за напад на руска територија и дека Русија нема исто право да испорачува иста класа оружје на силите кои во другите региони на светот напаѓаат чувствителни објекти на тие земји што го прават ова против Русија?

„Значи, одговорот би можел да биде асиметричен. Ќе размислиме за ова“, им рекол Путин на западните стратези.

Очигледно, рускиот претседател не би дал таква јавна изјава доколку руската страна веќе немаше елаборирана стратегија за ваков вид одговор на Западот.

Голем број руски воени аналитичари ја навестија можноста руските „Искандери“ некако одеднаш да се најдат во пустинскиот песок на Арапскиот Полуостров. Тоа практично би значело дека Хутите или некои воени формации како „Хезболах“ добиваат ракети со долг дострел со кои можат да гаѓаат бродови и авиони во регионот.  Со што ниту еден воен објект, база, воен брод или авион не би биле безбедни на Блискиот Исток.

Според западни извори, Москва со посредство на Иран води тајни преговори со јеменските Хути.

Според овие извори, претставниците на Москва и Хутите се сретнале најмалку двапати во Техеран, а во наредните недели се очекуваат уште средби.

Портпаролот на Хутите, Мохамед Абдел Салам, на прашањето на новинарите за разговорите за ракетите, рече дека „нема поим“ за тоа.

Слични содржини