За разлика од 2020 година, која беше одбележана со брутални ликвидации во Белград и регионот во војната на црногорските кланови, „Шкаљарски“ и „Кавачки“, минатата година донесе „затишје“ кога се во прашање престрелките и убиствата меѓу членовите на овие две групи, пишува Н1.
Една од главните причини за помалиот број убиства во Србија и регионот би можело да биде апсењето на членовите на групата на Вељко Беливук на почетокот на февруари минатата година и пробицањето на апликацијата „Скај“.
Со исчезнувањето на 200 килограми кокаин од стан во Валенсија во 2014 година, војната меѓу црногорските кланови, „Шкаљарски“ и „Кавачки“, трае се повеќе години. 2020 година беше една од најкрвавите за „Шкаљарскиот“ клан бидејќи изгубија неколку воечки членови, меѓу кои Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ кои беа ликвидирани во Атина, но и Алан Кожар и Дамир Хаџиќ, кои беа убиени на Крф. Шкаљарците се обидоа да се одмаздат со убиството на Радоје Звидер во Киев, но атентатот заврши неуспешно.
И кога се чинеше дека Шјаљарскиот клан практично ќе исчезне, бидејќи останаа без водач, односно главните логистичари на кланот, и дека крвта на членовите на овие два клана ќе продолжи да тече низ улиците и во 2021 година, полициски акции на неколку европски земји во текот на 2021 година доведоа до многу помалку конфликти на улиците, а многу членови на овие два клана наместо во ковчег се во затвори.
Првата индикација дека полицијата на Србија и Црна Гора започнала со работа е апсењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ по нивното враќање од Црна Гора во јануари 2021 година, каде што го посетиле Радоје Звицер, наводниот водач на кавачкиот клан. Откако биле испрашани во полиција, тие биле пуштени, но потоа на 4 февруари повторно биле уапсени заедно со уште 28 лица и обвинети за најтешки кривични дела, убиство, киднапирање, трговија со дрога, поседување нелегално оружје…
Со падот на „белградскиот огранок“ на кавачкиот клан, ситуацијата на белградските улици се смири, а минатата година почнаа да се појавуваат докази за бруталните ликвидации на Беливук и неговата група, кои ги извршија во 2020 година во Србија и Црна Гора. .
Нов удар врз кавачкиот клан имаше и во април 2021 година, кога лидерот на кавачкиот клан, Слободан Кашчелан и уште пет лица беа уапсени под сомнение за злосторничко здружување, убиство во соучесништво и обид за убиство. На Кашчелан му се суди и за основање во 2010 година на криминална група која се занимавала со трговија со дрога, перење пари, лихварство, поткуп и изнуда.
Во април, Кавачкиот клан доживеаја нов удар, бидејќи во Португалија беа уапсени истакнати членови на кланот, Игор Божовиќ и неговиот син Владимир, кои со години беа во бегство. Тие и беа доставени на Црна Гора во јули минатата година, а Специјалното државно обвинителство го сомничи Игор Божовиќ дека на почетокот на ноември 2011 година создал криминална организација со Кашчелан.
Неговиот син Владимир (30) е осомничен дека прифатил како член на таа криминална група да употребува насилство и да заплашува други лица „со извршување на кривични дела изнуда, да набавува, чува и складира оружје, експлозиви, панцири за членови на криминални организации и да одржува врска со одредени членови на криминалната организација, за да му ги пренесе упатствата дадени од организаторот“.
Тој се товари дека во мај 2016 година се обидел да изнуди 30.000 евра од сограѓанинот К.Б, откако не успеал во тоа, во јули истата година го разнел автомобилот на тој сограѓанин.
Еден од „најистакнатите“ водачи на кавачкиот клан кој се уште е во бегство е Радоје Звицер, по кого е распишана потерница.
Покрај сето тоа, црногорската полиција во јануари спречи ликвидација на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во Тиват, а потоа во март ликвидација на Милиќ Миња Шаковиќ, високопозициониран Шкаљрец..
Потсетуваме дека членовите на кавачкиот клан комуницирале преку специјално заштитената апликација „Скај“, која минатата година ја дешифрирала француската полиција.