Шумски пожар, за којшто американските власти на округот МекДауел оценија дека е „надвор од контрола“, избувна во близина на градот Олд Форт во западна Северна Каролина, само четири месеци откако областа беше погодена од ураганот Хелен.
Според телевизијата Си-Би-Ес (CBS), првите извештаи покажуваат дека пожарот бил предизвикан од дрво што паднало на далновод.
Официјалните лица на округот МекДауел издадоа наредба за евакуација на жителите во областа околу пожарот, кој брзо се шири поради силните ветрови и сувото време. Засега нема информации за жртви или за уништени домови, но пожарот претставува сериозна закана за околните заедници.
На местото на настанот се испратени голем број пожарникари и спасувачки екипи, кои се борат со огнената стихија. Пожарот се шири на тешко пристапен терен, што го отежнува гаснењето. Властите апелираат до граѓаните да ги следат упатствата и да ги напуштат своите домови доколку е потребно.
Овој пожар е уште еден показател за зголемената опасност од шумски пожари поради климатските промени, кои предизвикуваат посуви и потопли лета.