Швајцарски весник: Вучиќ се повеќе ја губи самоконтролата пред експлозијата на насобраниот гнев во земјата

од Milan1
31 прегледи

Протестните маршеви и блокадите на улиците во Србија ја доведоа владата во тешка положба, а претседателот Александар Вучиќ, кој управува со својата земја во различни функции од 2012 година, се повеќе ја губи самоконтролата, пишува денеска швајцарскиот „Тагес-Анзајгер“.

Весникот потсетува дека поттик за масовните протести беше трагедијата во Нови Сад во која загинаа 15 лица.

„За многу граѓани нема сомнеж кој е виновен за оваа катастрофа автократот Вучиќ и неговата влада“, пишува„Тагес-Анзајгер“ “Tages-Anzeiger#.

Како одговор, Вучиќ „сега шири бајка на пропагандната телевизија „Happy“ тврди дека може да стане жртва на атентат“.

„Има многу причини да бидам убиен“, вели Вучиќ, поддржувач на теориите на заговор, пишува весникот.

„Тагес-Анзајгер“ не потсетува и дека Вучиќ ги обвини демонстрантите дека се контролирани од странски тајни служби.

„Досега не им остава впечаток на студентите. Првично, протестите беа прекинати од хулигани, наводно поврзани со владејачката партија“, пишува весникот, но додава дека сега се повеќе се случуваат „мистериозни инциденти“, а како пример ги наведува случаите на влетување на автомобили во групи демонстранти.

„Пред една недела, 20-годишната студентка Соња Поњавиќ беше удрена со автомобил за време на протест, а инцидентот предизвика огромен гнев не само во Србија, туку и во српската дијаспора“, пишува швајцарскиот весник.

Вучиќ итно бара одговор со кој би го „извадил ветерот од едрата на опозицијата“, пишува весникот.

Српскиот претседател, според весникот, закажал и контрамитинг за 24 јануари, „но не во Белград или Нови Сад, туку тој го избрал малиот град Јагодина во длабоката внатрешност на Србија за да го основа „Движењето за народот и државата“.

Весникот пишува дека Вучиќ изминатата недела ја поминал во Давос, од каде испратил порака дека едвај чека да се врати во Србија.

„Има причина за брзањето. Антирежимските демонстрации предводени од студенти и средношколци не стивнуваат со недели, а затворениот гнев се шири низ целата земја“, заклучува „Тагесанцајгер“.

Слични содржини