Шведскиот премиер Улф Кристерсон го нарече смртоносното пукање во училиште, во кое во вторникот беа убиени најмалку десет луѓе, најлошото во историјата на земјата, јавува Анадолу.
„Денес бевме сведоци на брутално, смртоносно насилство врз целосно невини луѓе. Ова е најлошото масовно пукање во шведската историја“, рече Кристерсон на прес-конференција.
„Тешко е да се разбере размерите на она што се случи денеска… Она што едноставно не требаше да се случи – се случи“, додаде тој.
Кристерсон ја повика нацијата да и помогне на полицијата да го истражи пукањето.
Шведската полиција претходно соопшти дека околу десет лица биле убиени во пукањето во училиштето Кампус Рисбергска во Оребро, град кој се наоѓа на 200 километри западно од Стокхолм.
Официјални лица рекоа дека веруваат дека напаѓачот е меѓу загинатите и дека не очекуваат дополнителни напади. Оттаму додаваат дека напаѓачот дејствувал сам, но мотивот за нападот се уште не е познат.
Пукањето се случило околу 12:33 часот по локално време. Целта беше образовен центар во кој присуствуваа оние кои немаат завршено основно или средно училиште.