Си Џинпинг: Кина и Русија се вистински пријатели

од Aneta Risteska
22 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин двапати комуницирале оваа година, правејќи сеопфатни планови за развој на кинеско-руските односи и длабински размени за голем број главни меѓународни и регионални прашања, истакнувајќи дека Кина и Русија се пријателски соседи и вистински пријатели.

За време на состанокот со секретарот на рускиот совет за безбедност, Сергеј Шојгу, тој рече дека двете страни треба да одржуваат блиска комуникација на сите нивоа за целосно спроведување на постигнатиот консензус меѓу шефовите на двете држави и промовирање на трајно добрососедство и пријателство, сеопфатна стратешка координација и заемно корисна соработка меѓу двете земји, објави Глобал тајмс.

Шојгу рече дека соработката меѓу Русија и Кина не е насочена против други земји и претставува модел на односи меѓу двете големи светски сили, пренесе РИА Новости.

„Русија високо ги цени постигнатите договори со Кина и има за цел да ги продлабочи“, рече Шојгу, пренесува Танјуг.

Тој му ги пренесе на Си поздравите на рускиот претседател, кој „високо ги цени доверливите, пријателски и работни односи што се развија со вас и го следи спроведувањето на договорите постигнати за широк спектар прашања“.

Шојгу утринава пристигна во Пекинг во посета, каде претходно се сретна со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји. Шојгу претходно ги посети Малезија и Индонезија, а рускиот совет за безбедност објави дека Москва е заинтересирана да ги снабдува овие земји со енергија и нафта.

Посетата доаѓа неколку дена откако Си телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, пофалувајќи ги, како што рече, напорите на Москва за смирување на кризата во Украина.

Слични содржини