10
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денес изјави дека претходните обиди на Вашингтон да ја собори унгарската влада не успеале и дека истото ќе се случи и со сегашните обиди на Брисел.
Сијарто го изјави ова на состанокот на Конзервативната политичка акциона конференција (CPAC) во Будимпешта, објави унгарската агенција „MTI“.
Како што изјави, Будимпешта е цел на „либералниот мејнстрим“ во Брисел, а претходно тоа беше случај и со Вашингтон, бидејќи претходната американска администрација го сметаше за непријател.