Пред бракот со Наташа Ричардсон Лиам Нисон бил со доста познати жени од Холивуд. По трагичната нејзина смрт во 2009 година, поради ски инцидент, ирскиот актер се затвори во тага.7b5e783183629fac826c172915e539d3

Затоа и сега звучат толку изненадувачки неговите зборови дека има со кого да го помине Денот на вљубените на 14 февруари. Пред ирско издание, актерот изјави дека е романтично поврзан со жена, чие име нема да го спомне, бидејќи таа е неверојатно позната.

“Ќе треба да се направи сè што е можно за оваа жена, за да ја воодушевам“. – додаде тој.

Претпоставувајќи дека 63-годишниот Нисон не се шегува, медиумите почнаа да се прашуваат која ли може да е оваа дама.

Списокот кој направи Daily Mail започнувајќи со 40-годишната Шарлиз Терон, која неодамна се раздели со својот колега Шон Пен.

51-годишната Дајан Лејн исто така може да е таинствената нова љубов на Лиам. Во листата влегува и премногу младата 25-годишна Кристен Стјуарт, која имаше афера со режисерот Руперт Сандерс, што го заврши односот нејзино со Роберт Патинсон.

Изданието споменува за веројатност за нова љубов уште 69-годишната Сузан Сарандон, 45-годишната Ума Турман, 49-годишната Хали Бери и 54-годишната Мег Рајан, која пак неодамна спомна дека се чувствува добро сама, грижејќи се за своите деца.

Последна на листата влегува и 73-годишната Барбара Стрејсенд.

Нисон имаше страстна романса со Хелен Мирен во 1980-1985. Двајцата беа запознале на снимањето на кралот Артур за мечот Екскалибур и се преселиле заедно. Хелен, која сега е сопруга на продуцентот Тејлор Хакфорд сподели подоцна: “Ние се сакаме. Беше тешко да се разделиме. ”

Ирецот имал врска и со актерката Џулија Робертс од 1988 до 1990, повторно по средбата на сетот. Тогаш тоаа има само 19 години, а тој 35.

Други љубовни негови авантури се со Брук Шијлсд и Џенис Дикинсон. Претставник на Лиам Нисон одби да ја коментира недискретната изјава што засега ја засилува мистеријата.

Фото: dailymail.co.uk

Слични содржини